Антизападниот пион Христијан Мицкоски вечерва потврди дека неговата единствена политичка агенда е амнестија за неговиот ментор и носител на криминалот и режимот Никола Груевски. Ништо друго, реагира СДСМ.
– Вечерва антинародниот Мицкоски призна за средбите со својот ментор Груевски и разговарите на заедничка тема, иднината на Груевски и личните моменти. Со ова признание Мицкоски уште еднаш јавно признава дека тој и актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ се дел од истата криминална матрица на Груевски. За антизападниот Мицкоски поважна односно единствено важна е иднината на Никола Груевски, наместо иднината на Македонија и нејзините граѓани. Затоа пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ отворено работат против ЕУ и НАТО, против македонската иднина. Овие признанија на антизапдниот Мицкоски се уште една причина и останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат процесите во Собранието за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, стои во соопштението.