Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисија на Алсат М вечерва изјави дека Никола Груевски е изложен на политички прогон.
– Пред неколку дена имав средба со Никола Груевски. Разговаравме за ова што му се случува за политичкиот прогон на кој е изложен, јас како актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а тој како почесен претседател имаме заедничка тема не само за партиското функционирање, туку и за личните моменти – рече Мицкоски.
Според Мицкоски сумата од 14 и пол милиони евра која се користи во медиумите за централниот штаб на партијата не е точна.
– Останатите 69 објекти се простории на општинските комитети на партијата и истите како и таканаречената Бела палата ги користиме и ќе ги користиме – рече Мицкоски.