Почна средбата на премиерот Зоран Заев сом осумтемина пратеници кои гласаа за уставнините измени. Тема на разговор се нацрт амандманите на Уставот, кои владата до утре треба да ги поднесе до Собранието, а во кои, треба да бидат вградени и барањата на овие пратеници.
Пратениците бараат амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет, постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на Македонија во ЕУ, поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.