Мицкоски нема да одговори на писмото од Мијалков

1181

Обвинувањата на екс -директорот на УБК, Сашо Мијалков во писмото упатено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги смета за внатрепартиски работи. Не сакајќи да одговори на писмото што Мијалков му го упати веднаш по исклучувањето од партијата, Мицкоски тврди дека ВМРО поседува докази за сѐ што тврди.

Ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го изјави во интервју за телевизијата Алсат.

Прашан за исклучувањата, заминувањата и оставките, Мицкоски рече дека тоа е еден динамичен политички процес во партијата и оти тоа ќе постои сѐ додека постои ВМРО, но најави дека ќе се реформира Извршниот комитет.

Во врска со предлог-законот за амнестија за настаните на 27 април, Мицкоски бара поддршка од парламентарното мнозинство за со овој предлог да се постави основа за национално помирување. Во рамките на предлогот, осумте пратеници кои се склучени од ВМРО-ДПМНЕ ќе се координираат за да одлучат дали ќе го поддржат предлогот или не, а во тек е и формирањето на Комисијата за национално помирување. ВМРО се оградува од заканите кои се упатуваат до пратениците и од исклучените членови. Од друга страна, МВР презема мерки. Министерот Оливер Спасовски рече дека за поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев биле определени мерки на безбедност, но исто такви мерки се спроведени и за лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...