Вработен како обезбедување во дискотека на булеварот„8 Септември пријавил дека пред дискотеката физички бил нападнат од непознато женско лице.
Полицијата соопшти дека обезбедувачот не ѝ дозволил на жената да влезе бидејќи имала забрана за влез во дискотеката, со оглед на тоа што порано правела проблеми и ги вознемирувала гостите.
Откако не ѝ допуштил да влезе во објектот, жената физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.