Од Општина Струмица информираат дека на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, денеска ја снемало ѕвездата на познатиот македонски фудбалер, Горан Пандев.
-Оваа ѕвезда беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант Интер, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад“, пишува на официјалниот Фејсбук профил на Општина Струмица.
Оттаму го осудуваат, како што велат, вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на Горан Пандев и случајот ќе го пријават во полиција.