Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласирашe во четвртфиналето на Мастерсот 1000 што се игра во Париз. Во мечот од осминафиналето попладнево, Дамир Џумхур од БиХ по 55 минути игра го предаде мечот при резултат 6:1 во првиот сет за Ѓоковиќ и 2:1 во вториот сет.
Наредниот противник на Ѓоковиќ ќе му биде хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, кој во првиот денешен меч го совлада Григор Димитров од Бугарија со 7:6 (7:5) и 6:4 во сетови.