Буфон ќе брани на дуелите на ПСЖ со Лил и со Наполи

86
ФОТО: EPA/ALESSANDRO DI MARCO
Тренерот на Пари Сен Жермен,Томас Тукел, го најави враќањето на голот на Џанлуиџи Буфон на следните натпревари. Изминатиот период мрежата на ПСЖ ја чуваше Алфонс Ареола.

– Буфон има многу важна улога во тимот. Тој има многу искуство и тоа негово знаење им  го пренесува на играчите. На натпреварот со Лил, како и на дуелот со Наполи во Лигата на шампионите, тој ќе биде меѓу стативите, изјави Тухел.

ПСЖ против Лил игра утре во рамките на 12.коло од француската Лига 1.

Буфон последен пат во Француското првенство бранеше на 9 октомври кога ПСЖ го победи Олимпик Лион со 5:0.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...