Јанушев: Замрзнати се сите штабови на ВМРО-ДПМНЕ

1485

Откако не успеаја преку разни притисоци, закани и уцени да ја скршат партијата и актуелното раководство, сега почнаа уште пожестоко да ги злоупотребуваат институциите и да се обидат да го попречат ВМРО-ДПМНЕ во своето работење, реагираше генералниот секретар на партијата Игор Јанушев, откако судот по барање на СЈО одлучи да им замрзе 69 објекти меѓу кои и „Белата палата“ за која Христијан Мицкоски најави дека ќе ја продава.

Тие веќе поднеле жалба на судската одлука за замрзнување и бараат итно да им се одмрзне имотот.

– Партиското, непрофесионално и селективно специјално јавно обвинителство еден месец после референдумскиот дебакл на Заев и СДСМ, побара да биде замрзнат целокупниот имот на партијата, а судиите Весна Димишкова и Седат Реџепагиќ, без никаква основа веднаш скокнаа да помогнат и да донесат позитивна одлука по барањето на СЈО. За прв пат во историјата на Република Македонија, но и за прв пат на европско тло се бара замрзнување на имот на политичка партија која што е во опозиција – изјави Јанушев.

Тој кажа дека вкупниот имот на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 10 милиони евра, а со замрзнувањето опфатени се сите штабови на партијата.

Со тоа, според него, се пиричинува штета на партијата.

Генералниот секретар потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ како правно лице не е осомнично во постапката и се гледа дека се работи за прогон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...