За Субхи Јакупи, кој си делеше бонуси во ДИК, да биде судија гласало мнозинството во Судскиот совет

За именувањето на поранешниот член на ДИК, Субхи Јакупи, за судија во Виш управен суд, кој поднесе оставка на функцијата по објавената афера поврзана со исплатените бонуси, Караџовски со образложение дека кандидатот го добил потребниот број гласови.

515

Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Зоран Караџовски денеска застана во добрана на сите одлуки донесени од страна на Советот. Тој од Охрид порача дека став на Судскиот совет е оти сите избрани судии во моментот се вистинскиот избор, независно што Советот како колективно тело во определени случаи немал единствен став при изјаснувањето.

-Забелешки, оговарања, шпекулации имало и секогаш ќе има. За мене лично, можам да кажам дека од извршената анализа што ја направивиме на ниво на работни состаноци, особено за управните судови, бидејќи тие не доаѓаат од Академијата за судии и јавни обвинители, ставот на Судскиот совет како колективно тело е дека е направен вистинскиот избор – рече Караџовски.

Во врска со неусвојувањето на Годишниот извештај за работењето на Судскиот совет за 2016 година од страна на Собранието Караџовски рече дека останува на ставот дека се работи за политичка одлука оттаму што, како што забележа, не била дадена аргументација за таквата одлука.

-И на пленарната седница кога го изложував извештајот немаше ниту еден пратеник да излезе со аргументација зошто би гласал против. Извештаите за работата на Судскиот совет, да знае јавноста, над 90 проценти се збир на статистички податоци за работата на советот и судовите во земјата – рече Караџовски.

За именувањето на поранешниот член на ДИК, Субхи Јакупи, за судија во Виш управен суд, кој поднесе оставка на функцијата по објавената афера поврзана со исплатените бонуси, Караџовски со образложение дека кандидатот го добил потребниот број гласови.

-Мнозинството членови на Судскиот совет оцени дека тој е најдобриот кандидат. Немаше единствен став во изјаснувањето, но го доби потребниот број гласови и тука нема што да кажам. Ги имавме предвид сите забелешки, меѓутоа, изборот беше таков каков што заврши – рече Караџовски.

Претседателот на Судскиот совет во Охрид учествува во работата на дводневната Меѓународна конференција посветена на реформите во правосудтвото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...