Тој на Твитер напиша: „Верувај во себе секој ден“.
Србинот од понеделник повторно ќе биде светски тенисер број 1.
Враќањето на врвот на АТП ранг листата што го направи Ѓоковиќ е голем подвиг, ако се има предвид фактот дека пред само пет месеци се наоѓаше на 22.место. Оттогаш победи на два Грен слем турнира (Вимблдон и УС Опен), а ги освои и Мастерсите во Шангај и Синсинати.
Попладнево, Србинот игра осминафинален меч на Мастерсот во Париз, против Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина.