Противпожарна екипа во Детската болница во Козле

120

Противпожарна екипа била повикана утрово во детската болница за белодробни заболувања во Козле.

– Опожарен беше аспираторот за вентилација во делот на кровната конструкција. Беше интервенирано со 2 возила и 5 пожарникари. Нема причинето поголема штета, а нема ниту повредени – изјавил за Курир, командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.

Од детската болница демантираа дека станува збор за пожар, туку дека се стопиле каблите во еден од тоалетите. Превентивно била повикана противпожарна служба, согласно протокол за реагирање во вакви ситуации. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...