По заканите по живот, Јанчев има патролно обезбедување од МВР

495

Сите за кои имаме сознанија, за кои има пријави, за кои има сериозни закани и имаме направено проценки дека треба да бидат обезбедувани, се обезбедени, одговори денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарското прашање дали се обезбедуваат пратениците и конкретно градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој пријави закани по неговото семејство.

– Градоначалникот Митко Јанчев има пријава дека има закани. Нивото на неговото обезбедување е патролно. МВР стои на располагање за секој еден кој има закани да обезбеди соодветно обезбедување – рече Спасовски на заедничката прес-конференција со директорот на Оперативно техничката агенција Зоран Ангеловски.

Потсети дека и Христијан Мицковски имал закани и му се дадени служби за обезбедување како претседател на опозиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...