ОТА целосно ќе го штити безбедносниот интерес на граѓаните на РМ на етички и транспарентен начин. Ве уверувам дека не постои ниту теоретска, ниту практична можност за злоупотреба на механизмите. Тврдам дека нема да ни се повторат „бомбите“ и нема да имаме афери од минатото. ОТА е максимално добро поставена, системот е тестиран и одговорно тврдам дека незаконско прислушување нема и нема да има, беше дециден првиот директор на ОТА, Зоран Ангеловски кој денеска со министерот Оливер Спасовски одржаа прес-конференција по повод почетокот на работата на агенцијата.
Според Ангеловски, моделот што е избран за функционирање на ОТА е соодветен на условите и е оптимално решение за Република Македонија. Систематизацијата е изготвена, подвлече, но тоа е класифициран документ. Согласно систематизацијата, 25 лица би била оптималната бројка вработени.
ФОТО: МИА