Фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо изјави дека би било многу убаво, ако Нејмар се врати на „Камп Ноу“.
– Тој е одличен фудбалер. Имам можност да играм со него за бразилскиот национален тим и тоа е привилегија за мене. Ќе биде многу добро за мене ако се врати во Барселона. Се разбира дека сме подготвени да ја отвориме вратата. Тоа е многу јасно – прокоментира Кутињо, цитиран од шпанскиот весник „Марка“.
Во однос на новото засилување на каталонците Артур, Филипе изјави дека тој е многу голем фудбалер со одлични квалитети.
– Тој е одлична личност на теренот, но и надвор од него – додаде поранешниот фудбалер на Ливерпул.
Во однос на натпреварот со Челзи во Лигата на шампионите в среда, во кој тој нема да земе учество, Кутињо очекува тежок натпревар.
– Вистината е дека треба да играме како што знаеме и ќе продолжиме понатаму. Треба да постигнеме брз гол – смета Бразилецот.
За амбициите на тимот, офанзивниот халф се надева дека Барса ќе ги освои сите трофеи до крајот на сезоната и додаде дека тоа што е дел од тимот на Барселона е голем чекор во неговата кариера.
Фото: EPA/Alejandro Garcia