Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, е кандидат за наградата најдобар фудбалер во 2018 година во МЛС лигата.
Швеѓанецот исто така претендира и за наградата најдобар дебитант на сезоната.
Освен тоа, Ибрахимовиќ е номиниран и за наградата „Враќање на годината“, која се доделува на играчи кои се враќаат во фудбалот по сериозна повреда или отсуство од друга причина.
Конкуренти на Ибрахимовиќ за (најдобар) МВП-2018 се: Вејн Руни, Карлос Вела, Мигел Алмирон и Џозеф Мартинез.