Милсап во последните секунди му донесе триумф на Денвер над Чикаго 

46

Екипата на Денвер Нагетс го победи Чикаго Булс со 108:107 на натпреварот одигран ноќеска во „Јунајтед Центар“. Победничкиот кош за гостите го постигна Пол Милсап по офанзивен скок во последните моменти од мечот.

По продолжение ноќеска беше одлучен уште еден натпревар на кој Бруклин го победи Детроит со 120:119.

Резултати на другите НБА средби ноќта меѓу среда и четврток:

Минесота – Јута 128:125
Њујорк – Индијана 101:107
Голден Стејт –  Њу Орлеанс  131:121
ЛА Лејкерс – Далас 114:113
Феникс – Сан Антонио 90:120.

Голден Стејт со 8-1 (победи-порази) и Денвер со 6-1 се на првите две места на Западот, додека во Источната конференција Милвоки има 7-0, Торонто 7-1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...