Законски измени: Тезгаџиите стануваат пензиски осигуреници

Со Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предлага и намалување на старосната граница на осигурување за категоријата на осигуреници кои работат на работни места на кои стажот на оисгурување се смета со зголемено траење односно бенифициран стаж.

431
20150619 Friday 1127 pazar penzioneri vtornik petok sabota nedela

Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој и тезгаџиите на зелените пазари ќе плаќаат пензиско осигурување денеска е пред пратениците во Комисијата за труд и социјална политика.

Со предложените измени се предвидува намалување на старосната граница за осигурениците со бенифициран стаж.

Со измената на Законот според која осигуреници на фондот за пензиско осигурување стануваат и „трговеците на зелени пазари“ се врши усогласување со Законот за трговија на зелени пазари. Со овој закон се обврзуваат тезгаџиите да добиваат лиценци кои ќе бидат основа за плаќање на пензиско и здравствено осигурување.

Со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предлага и намалување на старосната граница на осигурување за категоријата на осигуреници кои работат на работни места на кои стажот на оисгурување се смета со зголемено траење односно бенифициран стаж.

Според предлогот намалувањето на старосната граница за остварување право на старосна пензија ќе се врши пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.

За категоријата осигуреници кои работат на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци стаж на осигурување се смета како стаж на осигурување со зголемено траење на работни места и работи кои се изведуваат под земја им се овозможува да остварат право на старосна пензија и со навршување на 40 години пензиски стаж (маж), односно 35 години пензиски стаж (жена).

Основна цел на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како што се појаснува во материјалот е обезбедување на социјална сигурност и социјално осигурување на граѓаните. Предложениот текст на законот се заснова на начелата на правото на социјална сигурност и социјално осигурување на граѓаните согласно член 34 од Уставот на Република Македонија, начелото на социјална праведност за осигурениците и корисниците на права од пензиско и инвалидско осигурување и членовите на нивните семејства.

Предложените измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување предизвикуваат дополнителни фискални импликации, кои се проценети на 121 милион денари во првата година од имплементација, кои ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија за 2019 година, односно 235,5 милиони денари во наредните две години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...