Николовски: Со овој договор никогаш нема да влеземе во ЕУ, ќе станеме втора Турција

763

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, е песимист дека Македонија со Договорот од Преспа ќе успее да влезе во ЕУ затоа што, според него, грчкиот премиер кога и да сака ќе може да стави блокада.

– Теоретски Македонија  да прифати сѐ што Грците ќе побараат и дополнително национално да се понижи, секогаш кога на грчки премиер ќе му е потребно да си го крене рејтингот дома, тој ќе стави блокада на следното поглавје во процесот на преговори со ЕУ што во превод ќе значи дека ние никогаш нема да ги завршиме преговорите за членство во ЕУ – изјави во емисијата Клан Дебата, на Телевизија Клан, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој потенцираше дека тоа ќе се случува затоа што согласно договорот Грција има право да стави вето на отворање на секое следно поглавје во процесот на преговори на Македонија со Европската Унија, доколку е незадоволна од извештаите кои ќе се поднесуваат во јуни и декември секоја година.

– Со овој договор Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ, затоа што Грција тоа никогаш нема да го дозволи, односно ние ќе станеме втора Турција, ќе бидеме секогаш во процес на преговори но никогаш нема да станеме членка – смета Николоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...