Груби: Деновиве ќе се донесе Законот за јазиците

459

Дојде време да се затвори Законот за јазиците, со што успешно ќе го заокружиме нормативниот дел на Охридскиот договор бидејќи ниту еден друг закон не е дебатиран повеќе и подолго, порача Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања, по средба со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија,Карло Ромео.

На средбата Груби разговарал со амбасадорот Ромео за актуелните настани, при што истакнал дека во земјата приоритет се ЕУ реформите, кои се неопходни за отстранување на условената препорака за давање датум за почеток на преговорите за ЕУ членство, во претстојниот Годишен извештај на Европската комисија за Република Македонија, во април.

Истата храброст во решавање на прашањата треба заеднички да ја демонстрираме и со спорот со името.

Амбасадорот Ромео ги поддржал ЕУ процесите во земјата, кои се во насока на нашите евроатлантски интеграции, при што изрази надеж дека Македонија ќе ги испорача потребните резултати до затворањето на Извештајот.

Во тој контекст, ја потврди италијанската заложба за интегрирање на земјите од Западен Балакан во ЕУ и НАТО, што беше потврдено и на последниот самит во Трст, мината година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...