Екипата од „Не се клади на Енглези“ ќе одигра претстава за помош на Сара

253

Македонскиот народен театар (МНТ) продолжува со учеството во хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која е ијагностицирана Anemia aplastica, болест за чие лечење е неопходна трансплантација на коскената срж.

Македонскиот народен театар и екипата на претставата „Не се клади на Енглези“ во режија на Синиша Евтимов, а во која играат Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ, одлучија средствата добиени од изведбата на 11 ноември 2018 година да бидат уплатени на сметката на Сара Настеска. Цената на билетот е 500 денари, а може да се купи и онлајн.

Апелот за помош во јавноста го испрати семејството Настески, а нивниот 13-годишен син Виктор е единствен сроден донатор на коскена срцевина за Сара. Македонскиот народен театар сочувствува со загриженоста на семејството Настески и посакува успех на донаторската акција и на оперативниот зафат на младата Сара Настески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...