Дислоцирани неексплодирани убојни средства од Првата светска војна

172

По дојава од ПОЗС Прилеп од стовариште за отпад со старо железо кое се наоѓа во околината на Прилеп, на патот за Крушево, од страна на пиротехничарот Георги Стефанов од ПОЗС Битола беа подигнати следните неексплодирани убојни средства: 9 артилериски гранати 74 мм, 3 артилериски гранати 105мм, 1 артилериска граната 122мм, 5 мини минофрлачки 75 мм,2 мини минофрлачки 62 мм и 3 запалки од артилериски гранати сите од Прва светска војна, се вели во соопштението на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Пронајдени беа и 185 празни чаури од артилериски гранати 75 мм, 18 празни чаури од артилериски гранати 105мм, 7 празни чаури од артилериски гранати 85 мм, 5 празни чаури од мини минофрлачки 62мм и 3 празни рачни бомби од непознато потекло од Првата светска војна.Имено, празните чаури се безопасни по живот, но се опасни по здравјето на луѓето поради нивното канцерогено дејство. Неексплодираните убојни средства и празните чаури од артилериските гранати се дислоцирани на безбедно место во магацин во Битола, каде се собираат пред да се носат во Криволак на уништување“, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...