Почина лицето кое вечерва беше погодено во пукањето во Диво Насеље

1822
20051230 Friday 0048 Klinicki centar Majka Tereza Vlez

Лицето кое што вечерва беше погодено од огнено оружје во пукањето во Куманово, им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Скопје. Оваа вест ја потврдија и од болницата, јавува ТВ 21.

До пукањето дошло после расправијата меѓу две семејства во кумановско Диво Насеље. Ранетото лице поради тежината на повредите беше донесено во Скопје, но ја загуби битката за животот.

Од тепачката неколку лица од двете семејства се полесно повредени.

Според информациите кои ги објави Алсат, престрелката се случила меѓу две семејства.

-Лицето Ф.Л. (61) и В.Л. (46) пукале со огнено оружје кон лицата В.М., Џ.М., Р.М. и М.М. кои се здобиле со повреди. Едно од лицата е тешко рането по што е пренесено во Ургентиот центар во Клиничкиот центар во Скопје, јавува Алсат.

Увид во моментов вршат јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Телевизија 21, пак, објави видео од местото на инцидентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...