ЕХФ: Борозан суспендиран за еден меч, Дибиров казнет со три илјади евра

275

Дисциплинската комисија на ЕХФ го суспендираше ракометарот на Вардар Вуко Борозан со еден меч, па така тој нема да може да настапи на следниот меч викендов против Мешков Брест во Лигата на шампионите.

ЕХФ дополнително го казни црногорскиот ракометар за грубиот старт врз Јурецки и црвениот картон на мечот против Кјелце.

Тимур Дибиров, пак, е казнет парично со три илјади евра за средниот прст кој ѝ го покажа на публиката во Полска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...