По оставките на претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржалоски, како и претседателите на градкиот и општинскиот комитет на Карпошп, преку фејсбук се огласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој објави фотографија со подмладокот на партијата.
– Младите се најголемата сила, а УМС најважниот чувар на нашите идеали. Да живее ВМРО ДПМНЕ, да живее Македонија, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Фотографиран со младите Мицкоски веројатно сака да демонстрира дека УМС стои зад него.