Јован Никушевски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Карпош информмира дека поднел неотповиклива оставка од функцијата и дека целосно застанува зад Лука Кржалоски.
„Ве известувам дека си поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Карпош. Прифатив да бидам на оваа функција верувајќи во идеите за просперитетно ВМРО-ДПМНЕ, прогресивна УМС и Европска Македонија.
Навредите, говорот на омраза, отровот кој беше меѓу сите нас, не одалечи и не изолира од нашите стратешки цели.
Отанувам ВМРО-ДПМНЕ, борбата за Европска Македонија нема да запре тука. Сакам да се заблагодарам на целиот тим на УМС Карпош.
Без силна младина нема иднина!
Подршка и целосно застанувам зад Лука Кржалоски
За Македонија да оди напред !
Да живее ВМРО !
Да живее Македонија !
Да живее УМС“, напиша Никушевски.