Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси почна да тренира , откако го повреди лактот на натпреварот со Севиља на 20 октомври.
Барселона ја објави веста на својот официјален Твитер профил , а Аргентинецот тренира во центарот Доан Гампер. Се очекуваше дека Меси ќе направи уште подолга пауза, но на среќа на Барселона, екипата не го почуствува премногу неговото отсуство.