Ја уценувал дека ќе објави нејзини фотографии и видеа со непристојна содржина, ако го остави

600

Четириесет и шестгодишник уценувал жена дека доколку не ја продолжи љубовната врска, ќе објави нејзини фотографии и видеа со непристојна содржина, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А. од село Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ – стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...