Основното јавно обвинителство – Прилеп започна истрага против прилепчанец кој се сомничи дека неовластено произведувал и продавал наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Истрагата е започната по поднесена кривична пријава против него од страна на полицијата.
Според она што го соопшти ОЈО Прилеп, осомничениот неовластено во својот дом држел 43,85 грама наркотична дрога марихуана и 4,29 грама семки од наркотична дрога марихуана кои биле наменети за продажба. Ови количини биле пронајдени и одземени при претрес од страна на полицијата.
Надлежниот јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд – Прилеп поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.