Идната недела ќе се знае адресата на Детската кардиохирургија

358

Идната недела ќе се знае каде ќе продолжи проектот Детска кардиохирургија – дали ќе се пресели во некоја приватна болница или и натаму ќе остане на Клиниката за детска хирургија. Така најавија од Министерството за здравство, изјавија денеска од Клиниката за детски болести и фебрилни состојби во Скопје.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера изјави дека „се размислува како јавно приватно партнерство да биде детска кардиохирургија во приватна болница, а со цел да ги споиме експертизата и условите што ги нудат приватните болници“.

Владата и Министерството за здравство не преговараат со никого за преземање на Детската кардиохирургија, истакна владиниот протпарол Миле Бошњаковски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

– Во моментов се прави анализа за конечно решение и во која насока во иднина треба да се реализира евентуалното јавно-приватно партнерство. Анализата се прави исклучиво во интерес на бенефитот на децата во Република Македонија – додаде Бошњаковски.

Тој нагласи дека консултациите се во тек и оти нема да се донесе никаква одлука пред јавноста да се вклучи во дебатата и пред да се утврди кое е најдоброто решение во однос на постоењето на Детската кардиохирургија и евентуалното јавно-приватно партнерство со некоја од приватните здравствени установи во земјава.

Откако пред неколку години почна проектот Детска кардиохирургија, на Клиниката за детска хирургија во Скопје досега се извршени повеќе од 300 кардиохируршки операции на деца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...