Калгари може да ја повлече кандидатурата за ЗОИ 2026

105
Канадскиот град Калгари може да ја повлече кандидатурата за организација на Зимските олимписки игри во 2026 година. Во Канада настанаа несогласувања околу финансирањето на Игрите, поради што комисијата за оценување смета дека е беспредметно да се одржи референдумот, закажан за 13 ноември.

Според пишувањата во канадските медиуми, државните и градските власти не можеле да се согласат како да ги поделат трошоците за организирање на Олимпијадата.

Вкупните трошоци за одржување се проценуваат на речиси четири милијарди долари. Околу 60 проценти од износот мора да го платат органите на државата и градот.

Во исто време, федералните власти се подготвени да дадат само половина од потребната сума, а градот Калгари не е задоволен со тој износ и бара повеќе.

Освен кандидатурата на Калгари, претенденти за добивање на ЗОИ 2026 се Милано и Кортина Д’Ампецо (Италија) заеднички, како и главниот шведски град Стокхолм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...