Министерката за правда, Рената Дескоска синоќа на шестата седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017-2022 година) го презентираа добиеното мислење од Венецијанската комисија по прашањата за Законите за судови и за Судски совет, информира владината прес служба.
Со укажување дека Венецијанската комисија покажала подготвеност и во оваа фаза да ги поддржи наведените закони, министерката Дескоска потенцираше дека се работи за „прецизно трасирање на насоките во делот на измените со конкретни забелешки на одредени членови од законот“.
Дескоска, нарекувајќи го делот на разрешувањето на судиите „главна тема“, во мислењето на Венецијанската комисија, министерката за правда само го пренесе различното видување на Венецијанската Комисија, и укажа дека комисијата прави дистинкција помеѓу нестручност и несовесност во работата на судиите.
Говорејќи за критериумите за квалитет на оценување на судиите беше кажано дека оценување треба да се исползува заради напредување на судиите.
Премиерот Зоран Заев, како претседавач на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, најави интензивирање во делот на финиширање и спроведување на реформите во правосудниот сектор.
Владата информира и дека членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор укажале на одредени недостатоци на Законот за судови, притоа потенцирајќи и повикувајќи се на некои од актуелните состојби, но не прецизира за што станува збор.