Мичел негира дека и носи пакет на Србија за Косово

179

Помошникот на амерканскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел негира дека пристигнал на Балканот со пакет, во кој, администрацијата на претседателот Доналд Трамп има конкретен план за Србија и за Косово, кој ќе биде продолжување на пакетот на Ахтисари.

Мичел изјави дека причината за неговата посета на земјите од Западен Балкан не е некаков  конкретен план, со кој ќе се постават  услови на Србија, туку дека дошол за поддршка на плановите за заедничка иднина на Косово и на Србија во ЕУ.

– Ги видов шпекулациите по пат за ваму и мислам дека тоа е еден многу креативен новинар. Не дојдов тука за да соопштам политички план, туку да разговарам со Косово и Србија за нивниот пат кон западната иднина – изјави Мичел.

На прес конференција Мичел посочи дека на средбата со претседателот Хашим Тачи, зборувале и за безбедноста на Косово и соработката со САД.

– Во врска со трансформацјата на Безбедносните сили на Косово во армија, разменивме мислења за уставни измени и пред претседателот реков дека никој нема право на вето врз безбедноста на Косово, посочи тој.

На прашањето дека тоа може  да го стори Српска листа, Мичел директно одговори.

– САД ја подржуваат трансформацијата на безбедноснте сили и ние ќе продолжиме да ја поддржуваме оваа трансформација на сите нивоа. Мислам дека нашите пријатели во Белград се многу запознаени со позицијата на Америка и ќе го повторат ова и во Белград – нагласи Мичел.

Претседателот Хашим Тачи на прес конференцијата вети дека дијалогот меѓу Косово и Србија ќе биде завршен според она што го предвидуваат Уставот и законите на Косово, а тоа нема да вклучува размена на територии.

– Нема поделба ниту автономија за северот на Косово. Никој нема право да ја одложува демаркацјата, било од албанските партии, било оние на заедниците – истакна меѓу другото Тачи.

Амерканскиот висок функционер ќе се сретне и со премиерот Рамуш Харадинај, како и со други политичари и претставници на граѓанското општество.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...