Грчкиот тужител Панагиотис Меиданис побарал да бидат осудени сите деветмина осомничени дека учествувале во убиството на американскиот 22-годишен турист Бакари Хендерсон.
Меиданис предложил шестмина да бидат осудени за убиство, за што во Грција е пропишана доживотна казна затвор, еден за соучесништво и двајца за нанесување телесни повреди.
Тој на сослушувањето обвинетите ги нарекол „хулигани кои покажале асоцијално однесување”.
На обвинителската клупа се седум Срби, еден Грк и еден Британец со потекло од Босна и Херцеговина. Тие се обвинети за смртно претепување на Хендерсон на островот Закинтос ноќта помеѓу 7 и 8 јули 2017 година. Трагедијата започнала во клубот „Бар код“ во местото Лаганас.
Судењето ќе биде продолжено утре, а пресудата се очекува во средината на ноември.
ФОТО: EPA
Извор: српски „Курир“