Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ остана обезглавена откако по претседателката Даниела Рангелова и генералната секретарка Лилјана Затуровска, оставка поднесе и потпретседателката на жените на ВМРО- ДПМНЕ, пратеничката Лилјана Кузмановска.
Кузмановска вели дека по оставката на претседателката Рангелова, цел Извршен комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по автоматизам е во оставка.
Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека оставката на претседателката на Унијата на жени, Рангелова, ќе биде разгледана на утрешната седница на Извршниот комитет на партијата и доколку биде прифатена ќе се отвори процес за избор на ново раководство на Унијата на жени.
Даниела Рангелова се повлече од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ поради несогласување со политиката на новото раководство на ВМРО- ДПМНЕ. По неа, оставка од позицијата генерален секретар на партијата поднесе и пратеничката Лилјана Затуроска.