Жално и срамно е реликти од блиското минато кои не делеа по сите основи , сега да не обединуваат и спасуваат – Платформа за спас на сопствената кожа не е платформа за спас на Македонија, реагира професорот Јове Кекеновски на Фејсбук.
„Александар Николоски дел од наметнатото раководство на ДПМНЕ после толку време слугување на оние со кои сега се пресметува, му текна дека треба да се формира „Македонска платформа“ која ќе има за цел зачувување на Република Македонија.
Додека ФРОДЕМ и ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција со години говорат дека е потребно прочистување и сплотување на силите во партијата за да се зачува и спаси државата, тој мудро молчеше, товареше што можеше да товари и чекаше позиција за да изигрува партиски шериф.
Да го постетиме дека и пред одржување на Рефередумот, Демократската фракција понуди сплотување на силите и заеднички настап за спас на Македонија, Тој и останатите наметнати од раководството молчеа и калкулираа до последен момент.
Сега наеднаш кога му е густо и по низа промашувања, сакал заедничка платформа со сите сили и слободомислечки индивидуи?!.
Ми се чини дека тоа нема да се случи толку брзо, се додека докрај не се расчисти со сите криминалци во сопствените редови, со прислужниците кои се ,,товеа” на грбот на тие криминални структури како и со реликтите од блиското минато, кои беа сочучесници во делбата на граѓаните и сопартијците по разни основи. Платформа за спас на сопствената кожа, не е платформа за спас на Македонија“, порачува Кекеновски.