Лопетеги разрешен, Солари привремен теренер на Реал 

108

Сега веќе поранешниот тренер на Реал Мадрид, Лопетеги, изрази јавна благодарност што добил шанса да го предводи актуелниот европски шампион.

Лопетеги во јули ја напушти селекторската функција во шпанската фудбалска репрезентација и го прифати предизвикот да седне на тренерското место во „кралскиот клуб“. Сепак, не издржа долго, откако синоќа управата донесе одлука за негово разрешување поради слаби резултати.

– Сакам да му се заблагодарам на раководството за добиената шанса да го водам Реал. Благодарност и до фудбалерите за нивниот труд и залагање. Благодарам и на останатите во клубот со кои соработував, исто така и до навивачите за поддршката. На Реал му посакувам успех во продолжение од сезоната – изјави Лопетеги.

До назначување нов тренер, Реал ќе го води Сантијаго Солари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...