Груевски и Јанакиески на судење за рушењето на „Космос“

927

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Т.Н.Т.“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кој се однесува не незаконското уривање на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на „Космос“.

На обвинителна клупа денеска ќе седнат и Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ кои обвинетите во случајот „Титаник 3“. Двајцата се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...