Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното гостување во емисијата „Јади бурек“ откри нов вид на политичко обединување наречено „Македонска платформа“ која ќе има за цел зачувување на Република Македонија.
Тој додава дека покрај политичката битка потребно е и една силна општествена битка од голем број на граѓани кои што и мислат добро на Република Македонија преку сите голем број на формални и неформални групи на здружување.
– Македонска платформа ќе значи еден нов вид на политичко обединување во Република Македонија која што нема да се стандардни познати коалиции помеѓу една голема и 20-тина помали политички партии, туку е една форма на обединување на сите слободномислечки индивидуи, формални групи во смисла на невладини организации или здруженија на граѓани, неформални групи во смисла збир на луѓе, кои што мислат добро на Република Македонија, со кои што не мора целосно да се слагаме за се, но имаме неколку јасни основни принципи и постулати – вели Николоски.