Ќе инсистираме да се амнестираат сите монтирани политички процеси во последните 10 години. Да има амнестија за настаните во Куманово и се друго што мислиме дека е политички монтиран процес.
Ова за телевизијата 21 го изјави претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.
Села потенцира дека амнестијата не може да го опфати само крвавиот четврток.