Османи: Не се согласуваме со предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за амнестија

462

Во вечерашното гостување на телевизија Телма, на прашање во врска со идејата за помирување, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вели дека и како член на ДУИ и како вицепремиер ја поддржува идејата на премиерот Зоран Заев за неопходноста од помирување.

-Ја поддржуваме идејата за помирување, но она што ќе го промовира принципот на неказнивост во оваа држава е неприфатливо. Не се согласуваме со предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за амнестија, но поддржуваме формирање на координативно национално тело за помирување во Собранието, вели Османи.

Во контекст на тоа додава дека координативно тело треба да го водат пратениците, а не претседателот на Собранието, затоа што, како што додава, дава друг карактер на тоа тело.

– Наш став е дека директните извршители на насилство од 27 април и нарачателите на насилствата не смеат да бидат предмет на било какво помилување. Доколку имало луѓе кои се колатерална штета, кои се нашле таму и немале намера да направат штета, но биле таму, тогаш треба да бидат дел од разгледување на координативното тело – вели Османи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...