Меѓу загинатите во Лестер, има и поранешна прва придружничка на мис Тајланд

299

Англиските медиуми ги објавија имињата на загинатите во хеликоптерската несреќа која се случи по натпреварот меѓу Лестер и Вест Хем во саботата. Меѓу жртвите е и првата придружничка на мис Тајланд од 2005 година, Нурсара Сукнамаи.

Урнатиот хеликоптер бил во сопственост на сопственикот на Лестер и петтиот најбогат Тајланѓанец, Вишаи Шривадханапрабха, а во несреќата покрај него, загинаа и неговите соработници Кавепорн Пунпаре, пилотот Ерик Свафер и копилотката Изабела Роза Лековиц, која инаку е и негова партнерка.

Според „Дејли Мејл“, Твитер и Инстаграм старлетата Нурсара често одела на патувања со Шривадханапрабха.

Хеликоптерот полетал веднаш по натпреварот и се урнал по полетувањето, откако пилотот изгубил контрола. Леталото паднало на паркинг близу стадионот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...