Алими: Невин сум, не ме интересира дали ќе има амнестија

362

Еден од обвинетите за случувањата со настаните на 27 април во Собрание, Абдулфета Алими изјави дека не го интересира дали ќе има амнестија.

– Воопшто не ме интересира, затоа што знам дека сум невин – рече тој, посочувајќи и дека него никој не го прашува дали ќе има или не.

Алими е од редовите на собраниското обезбедување, а тој е и човекот кој го евакуираше по лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.

За да излезе од притвор и да се брани од слобода, Села како гаранција ја стави неговата куќа и нива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...