Тодоров исклучен од партијата бидејќи му ја дал на СДСМ базата на податоци со гласачи од ВМРО-ДПМНЕ?

1602
ФОТО: Фејсбук профил на Никола Тодоров

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, во изјава за печатеното издание на „Слободен печат“, вели дека точната причина за исклучувањето од ВМРО-ДПМНЕ не му била соопштена.

Неофицијално, според извори од ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров го обвинуваат за тоа што базата на податоци со телефонски броеви на партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ му била дадена на СДСМ, за што се доказ СМС пораките кои на денот на референдумот ги добивале членови од ВМРО-ДПМНЕ. Наводно, само Тодоров имал пристап таа база.

Извор: „Слободен печат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...