Кој прв ќе дојде, ќе земе 10.000 денари за електромобил

400
20151130 Monday 1420 sednica na sovetot sovet na grad skopje

Градот Скопје распиша јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети за 2018 година.

Јавниот повик ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат електричен тротинет од денот на објавувањето на Јавниот повик (29.10.2018 година, понеделник), а заклучно со 10.12.2018 година.

Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести дел од средствата за набавка во износ од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до Град Скопје треба да достави:

– Барање за надоместок (може да се подигне од архивата на Град Скопје во барака 16)

– доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,

– фотокопија од трансакциска сметка на барателот,

– доказ дека е извршено купување на електричен тротинет, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка т.е. доказ за платена фактура во целост(оригинал на увид), со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Јавниот повик,

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден електричен тротинет.

Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на електричен тротинет, заедно со потребната документација, граѓаните ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул. Илинден бр.82, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Градот Скопје, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, сѐ до нивно целосно искористување, но не подоцна од 10.12.2018 година. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, сѐ до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

За оваа намена Градот Скопје предвиде 1.090.000 денари.

Целиот јавен повик може да го видите на следната интернет врска –

www.skopje.gov.mk/Uploads/Јавни Повици/Jавен повик за електрични тротинети.pdf

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...