Од четврток авиолинија Скопје – Атина

Од Скопје до Атина, и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.

331

На Скопскиот аеродром в четврток (1 ноември) во 18 часот ќе биде одбележано воспоставувањето на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“ (Aegean Airlines), најави денеска ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во Скопје и воп Охрид.

На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот за земски операции во Aegean Airlines Панос Николаидис и на генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој.

На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник.

Како што објави претходно МИА според информации од Атина, Скопје и Атина ќе ги поврзе авион на „Олимпик ер“, подружница на „Ејџијан ерлајнс“, а летовите ќе бидат со авион „кју400“ со капацитет од 78 патници.

Авионот секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9.45 од Скопје по македонско време.

Во четврток летот од грчкиот главен град е во 18.40 часот, а од македонската во 19.25 часот.

Од Скопје до Атина, и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.

„Ејџиан Ерлајнс“ ја најави линијата во октомври минатата година, а авионското поврзување помеѓу двата града се случува по повеќе од 10 години. Претходно од 2003 година неколку години постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, кое што беше прекинато.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...