Сирискиот центар за мониторинг на човекови права тврди дека во војната во Сирија, која почна пред седум години, убиени се околу 511.000 луѓе.
Невладината организација со седиште во Лондон, која го следи бројот на загинати преку мрежа на контакти во Сирија, наведува дека 85 проценти од жртвите се убиени од сириските владини сили и нивните сојузници.
Претходно, во денеска објавениот извештај на УНИЦЕФ се посочува дека минатата година во Сирија биле убиени 50 проценти повеќе деца во споредба со 2016 година. Во извештајот се предупредува и дека оваа година може да биде посмртоносна за децата во Сирија.
Според УНИЦЕФ околу 3,3, милиони деца во цела Сирија се изложени на ризик да дојдат во контакт со експлозивни направи, а само годинава десетина училишта беа погодени од бомба.
Фото: EPA/FAROOQ KHAN