Најмалку 50 лица загинаа кога авион на кoмпанијата „ЈуЕс-Бангла Ерлајнс“ (US-Bangla Airlines) се урна при слетување на меѓународниот аеродром во Катманду.
На летот имало вкупно 67 патници и четворица членови на екипажот за кои сѐ уште се чекаат информации. Според други медиуми, загинале 38 лица, а 23 се повредени.
Би-Би-Си пренесе дека „Катманду пост“ јавил оти авионот се урнал во источниот дел на пистата и оти од леталото се спасени 17 лица.
Прво беше јавено дека авионот, кој долетувал од Дака, при слетување излетал од пистата и се запалил.
Потоа некои светски медиуми, повикувајќи се на портпаролот на аеродромот јавија дека авионот не успеал да слета на пистата и оти се урнал на блисиот фудбалски терен.
„Њујорк Тајмс“ објави дека авионот се урнал на поле до аеродромот.
Спасувачката операција по евентуални преживеани сѐ уште трае.