Годинава првпат вакцинацијата ќе биде бесплатна за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија.
За останатите лица кои сакаат да се вакцинираат, а не спаѓаат во овие категории, се утврдува износот што ќе треба да го платат, информираат од Министерството за здравство.
Обезбедени се вкупно 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година.
Станува збор за четиривалентна, најнова вакцина против грип, која заштитува од четири видови грип и е во производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.
Вакцината против грип е незадолжителна и се дава на доброволна база, но препорачана е за хронично болни и возрасни пациенти.