Во 17.10 часот на граничен премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Е.К.(31) од Република Албанија користи туѓа патна исправа.
При извршените проверки било констатирано дека фотографијата од патната исправа не се совпаѓа со лицето што ја користи, а по извршен разговор тој изјавил дека се вика Џ.Б.(35) од Албанија.
Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.